Мијата, Стојне Николова, Даниел Дан вечерва во Ѓорче Петров по повод роденденот на општината

Денот на општина Ѓорче Петров – 20 септември, денеска ќе биде одбележен со целодневен свечен настан и свечена седница на Советот, но и со концерт кој ќе стартува во 18 часот.

-Програмата е наменета за сите возрасти. Настап ќе имаат дечињата од градинката „Росица“, танцовото студио „Бранимир и Бранкица“ и КУД „Глигор Прличев“. Стојне Николова, Даниел Дан, Мијата и диџеј Горан, пак, се само дел од имињата кои ќе ги забавуваат ѓорчепетровци во вторник во реонскиот парк, велат од локалната самоуправа.  

Манифетацијата „Од Бистра преку Дервен до Ханриево“-ЕФЗ Седум осмини и Ансамбл Ѓорче Петров е предвидена да се одржи во сабота, на 24 септември, во 12 часот во паркот. На овој настан ќе му претходи крводарителска акција во Центарот за култура во 10 часот, а денот ќе биде затворен со кинолошката изложба на стадионот „Македонски лавови“ во 18 часот.  

-Одбележувањето на општинскиот празник ќе се заврши со настанот „Сите во Кучково“ на 25 септември во 12 часот со старт кај крстот во Кучково. Со велосипеди и пеш ќе ги промовираме новите велосипедски и пешачки патеки на оваа локација, известуваат од општината.  

Општина Ѓорче Петров ги повикува сите граѓани заедно да се одбележи општинскиот празник, но и сите настани кои следуваат.