Мијалков е во Скопје, сам се пријави во Обвинителството за организиран криминал

Во изјава за 24 Вести, пред Обвинителството, Мијалков рече дека вчера имал многу висока температура и им се извини на јавноста и на институциите затоа што создал непријатности.

По два дена потрага по него, ексдиректорот на УБК Сашо Мијалков попладнево сосема сам се појави во Обвинителството за организиран криминал во Скопје.

Во изјава за 24 Вести, пред Обвинителството, Мијалков рече дека вчера имал многу висока температура и им се извини на јавноста и на институциите затоа што создал непријатности.

Тврдеше дека воопшто не го напуштил Скопје, ама дека не знаел дека ила распишана потерница по него, затоа што имал 40 степени температура.

Рече дека дошол само да го земе решението за домашен притвор.