Исчезнатото дете Михаил по кое се трагаше утрово е пронајдено. Неофицијално детето е пронајдено на автобуска станица во населбата Циглана. Тоа е во добра здравствена состојба и се испитува како и со кого заминало во таа насока.
Претходно мајката апелираше на ФБ за помош при пронаоѓање на нејзиниот син кој е трето оделение и не пристигнал на училиште утрово.