
Рано утринава (19.11.2025) околу 04:20 часот во ОВР Гевгелија било пријавено дека на регионалниот пат Валандово - Дојран, товарно возило „мерцедес“ со полуприколка со српски национални ознаки, управувано од С.М.(52) од Србија, излетало од коловозот.
Како што се наведува во полицискиот билтен, од здобиените повреди, на местото починало женско лице-мигрант од Кина, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено за обдукција. Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката.
Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош.
Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител, изврши екипа од ОВР Гевгелија.