Мигрант од Конго пронајден починат во липковско

Тело на починат мигрант од Конго било пронајдено вчера во дворно место на верски објект во селото Лојане во Липково.

– На 08.03.2022 година во 06.00 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека во дворно место на верски објект во село Лојане било пронајдено починато лице-мигрант, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.

– Од извршениот увид од страна на полициски екипи од СВР Куманово утврдено е дека станува збор за Б.К.(41) од Република Конго, а по насока на Јавен обвинител телото е предадено за погреб, стои во соопштението.