Скопската Зоолошка градина неодамна стартуваше кампања со наслов „Купи карти сега, искористи ги до почетокот на јуни“.
Следната година Зоолошката градина ќе слави јубилеј - 100 години постоење.
За активно вклучување во кампањата повика и активистката за заштита на животните, инаку вработена во Зоолошката градина, Тина Мицковска.
- ЗОО Скопје годинава прославува 99 години од своето постоење, а цената за влез е само 80 денари. Гледаме и чувствуваме сите граѓани на своја кожа, колку се големи сите поскапувања од струја преку храна, а во зима посетеноста во зоолошката е многу помала поради ниските температури. Сепак вработените и во ова доба од годината се трудат животните да добиваат првокласна храна според европска унифицирана хранителна табличка, како и обезбедено греење и целодневна нега.
Токму затоа апелирам до сите општествено одговорни компании кои сакаат и можат да помогнат да пружиме најдобри услови за животните со тоа што периодов ќе може да купат повеќе влезници, кои ќе можат да ги искористат до 01.06.2025. Ова може секако да го сторат и поединци. Благосостојбата на животните е пред се, порача таа во својата фејсбук објава.