Мицкоски: ВМРО ДПМНЕ одлучи да ја поддржи Данела Арсовска за градоначалник во Скопје

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, а потоа и Централниот комитет на партијата одлучи на овие избори да го поддржи идниот градоначалник на Скопје, Данела Арсовска. Одлуката на двете тела е донесена едногласно. Ова на денешната прес конференција го изјави лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. 

Донесовме значајна одлука денес со која се означува времето на промени во Скопје. Одиме на сигурна победа со Данела Арсовска во Скопје Цврсто сум убеден дека го имаме идниот градоначалник на Скопје. Да се обидиниме околу жената која ќе го креира идниот развој на Скопје, потенцираше Мицкоски. 

Тој додаде дека Скопје заслужува жена за градоначалник и убеден е дека Данела ќе победи во оваа трка за Скопје.

Скопје памети арогантни поединци кои ја имаат окупирано позицијата „градоначалник“ кои по четири години мандат велат дека само што не почнале да ги  исполнуваат ветувањата кои требале да ги почнат во првата година од својот мандат, додаде тој.