Мицкоски: Уште преговараме со банките околу унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека домашните компании ќе ги добијат парите од унгарскиоит заем под истите услови под кои беа земени. Тој уште еднаш кажа дека парите се стигнати, но уште се преговара со комерцијалните банки околу тоа каква би била обрвската на државата кон нив.

„Парите од унгарскиот заем се веќе стигнати, тука се, на сметката на Народната банка. Се уште се преговара со комерцијалните банки околу делот на тоа каква би била обрвската на државата кон нив. Очекувам сите заедно да направиме нешто за државата и економијата“, подвлече премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со претставниците на МАСИТ.

Од унгарскиот кредит за бизнисот се планирани 250 милиони евра.