Мицкоски: Со одлуката за раздвојување од Албанија задоволни се бугарските политичари и македонската опозиција

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашања дека дека поради одлуката за раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, задоволни беа само две страни, а тоа се политичарите во Бугарија и опозицијата кај нас дома.Тој рече дека не смееме да губиме надеж и да се разочаруваме, иако многупати се разочаруваме во овие децении.

„Жалам што мораме да бидеме жртва на билатеризација, а не на исполнување на копенхагешките критериуми, но ќе прдолжиме да работиме напорно и да ги решаваме проблемите дома кои се напластени и се наше наследство од претходната Влада“, изјави Мицкоски.

На Албанија и посака што поскоро да го заврши процесот на преговори, со надеж дека и ние еден ден ќе можеме да седнеме на таа маса.

„Мора да се занимаваме со реалноста, и можеби еден ден и ние ќе бидеме оценувани по исполнување на Копенхагешките критериуми, а не по билатералните проблеми кои најчесто се однесуваат за средниот век, а не да зборуваме за иднината која што е суштината на постоењето на ЕУ“, рече Мицкоски.