Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денес оствари средба со раководството на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура - СОНК. Како што тој самиот објави на социјалните мрежи на средбата се разговарало за унапредување на работничките права и состојби во образованието.
„На средбата разговаравме за унапредување на работничките права, состојбата во образованието, науката и културата, колективните договори како и состојбата со платите и нашата тенденција тие да растат согласно реалните можности на економијата.
Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати. Разговараме за сет одлуки и системски мерки кои ќе бидат оддржливи на долг рок. Следуваат добри одлуки“, напиша Мицкоски.