Секој што бил во или во близина на ужасниот настан да се јави на лекар и да побара консултација, без разлика дали чувствува некои копликации, нема тука пркосење ако сакаме да нема други ефекти што би дошле понатаму, замоли премиерот Христијан Мицкоски при посетата на повредените пациенти од пожарот во Кочани, кои се сместени во болницата ГОБ „8 Септември“ во Скопје.
„Како Влада правиме сè што можеме и ќе продолжиме за да спасиме човечки живот“.
Најави седница на Владата, на која ќе биде потврдена одлуката Владата да ги покрие трошоците на два члена на семејство за да се упатат онааму каде што се згрижени пациентите.
„Голема благодарност до лекарите, до медицинските тимови, кои вложуваат натчовечки напори и во првите моменти од ужасната трагедија да спасат човечки животи, во процесот на транспорт, голем дел, повеќе од 70-80 пациенти де надвор од државата, така што денеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство се наоѓаат во Солун и од таму одат во Софија да ги посетат некои од згрижените пациенти. За еден и пол час имаме седница на Владата, ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците на 2 члена од семејството за да појдат онаму каде што се згрижени пациентите, како и превоз и сместување.
Се слушаме со голем број европски и светски лидери, помошта стига од сите страни, а јас сум им благодарен на соседите и на сите други“, рече премиерот.