Мицкоски од РЕК Битола им го честиташе Денот на рударите: Тие се нашата инспирација!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска е во посета на Рударско-енергетски комбинат „Битола“ (РЕК „Битола“).

Тој во својата објава на социјалните мрежи посочи дека имаме енергетска стабилност, а енергетската стабилност подразбира и стабилен економски раст на Македонија и на македонското стопанство.

„Би сакал да им го честитам денот на рударите со рударскиот поздрав „Среќно“ затоа што тие се нашата инспирација и знам и убеден сум од тоа што успеав да го видам дека мотивот не изостанува, желбата е тука присутна и сигурен сум за уште подобри резултати во месеците и годините коишто следат за македонскиот енергетски систем, за рударството, но и за македонската економија“, порача Мицкоски.