Мицкоски: Нови 60 километри фронт очекуваме до крајот на месецот и работа на три паралелни локации

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кажа дека до крајот на месецот се очекува изграба на 60 километри фронт како и работа на три паралелни локации, а тоа се Гостивар - Бујојчани, Прилеп - Битола и Тетово - Гостивар. Премиерот посочи дека на овие шеесет километри фронт решени се имотноправните односи, нешто што претходната Влада не ни можела да го помисли, а сега тие се решени за неколку месеци.

„Доброто е тоа што ќе се реализираат овие проекти, што граѓаните ќе може да ги користат и да комуницираат на безбеден начин, од еден во друг град. Нормално, тоа е добро и за туристичката сезона во Охрид и во другите туристички центри, бидејќи туристите ќе може на побрз начин да дојдат до туристичките места во државата“, рече Мицкоски.