Мицкоски најави нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ - треба да донесе 2.000 нови работни места

Премиерот Христијан Мицкоски најави нова инвестиција на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, која треба да донесе 2.000 нови работни места и производство на делови за автомобилскиот гигант „Ауди“.

Мицкоски истакна дека станува збор за значаен чекор за македонската економија, но и за граѓаните, бидејќи секое ново работно место носи можност за подобра иднина, поголема сигурност за семејствата и подобар животен стандард.

Тој исто така порача дека привлекувањето инвестиции, отворањето работни места и остварувањето конкретни резултати се дел од програмата и целите на Владата.