Мицкоски на увид во Кисела Вода на градежните активности од проектите финансирани од унгарскиот кредит

Премиерот Христијан Мицкоски денеска беше во посета на Општина Кисела Вода каде што изврши увид на градежни активности на проектите од унгарскиот кредит - тоа отворање на каналот и пешачката патека на Мала Рада и изградба на потпорни ѕидови и реконструкција на коритото.

„Сакам да истакнам дека можеби ова речно корито и овој канал навидум делуваат скромно, но во суштина се од огромно значење за жителите од овој дел на Градот Скопје и Кисела Вода, бидејќи на овој начин се прифаќаат сите оние води коишто во услови кога можат да надојдат тие прават многу големи проблеми на домовите на жителите на ова населено место и тоа се случувало во минатото. Затоа со овој проект ние практично го решаваме тој проблем за да повеќе не ни се случува“. истакна Мицкоски.

Воедно, тој им честиташе на градоначалничката, Бети Стаменкоска Трајкоска, на советниците, на администрацијата коишто се од Кисела Вода, како и на сите коишто беа вклучени во организирањето на овој проект.