
Премиерот Христијан Мицкоски денес во рамки на Самитот на Европската Политичка Заедница во Лондон оствари кратка средба со Претседателот на Украина, Володимир Зеленски. Му било посочено за поддршката на Македонија кон Украина и украинскиот народ.
„На средбата ја потенцирав недвосмислената поддршка на Македонија кон Украина и украинскиот народ и посочив дека и во иднина можат да сметаат на нашето пријателство. Македонија и македонскиот народ се хумана нација и сочувствуваат во овие тешки историски предизвици и несогледливи последици. Нашите односи се базира на вистинско пријателство од каде произлегуваат принципи, вредности и разбирање“ напиша Мицкоски.