Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил објави дека се сретнал со Ричард Гренел новиот претседателски пратеник во новата администрација на Трамп за специјални мисии и политика. Како што напиша Мицкоски било разговарано за предизвиците со нашето членство во Европската унија.
„Имав средба со Ричард Гренел, поранешниот шеф на Националната разузнавачка служба, а сега во новата администрација нов претседателски пратеник за специјални мисии и политика.
Разговаравме за актуелните случувања, за предизвиците со кои се соочуваме како држава и нашето остварување на стратешките интереси врзани со членството во Европската Унија.
Воедно побарав поголемо ангажирање од нашите стратешки партнери на тој план, како и искористување на потенцијалите на економски план. Се бориме за секој интерес на Македонија!“, напиша Мицкоски.