Мицкоски на поставувањето на камен темелникот на салата во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Влае: „Образованието на децата ни е најважно“

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставување на камен темелникот на изградба на спортска училишна сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во населбата Влае.

„Би сакал да изразам задоволство што овој објект добива своја физиономија, беше заглавена процедурата, беше заглавена изградбата и проектот самиот по себе, но за кратко време можеби недела до две веќе почнува да се извишува и тоа е добро, затоа што е дел од образовниот процес, добро е што жителите на овој дел од градот ќе можат да ја користат оваа спортска сала, но она коешто е најважно, учениците од ООУ „Димо Хаџи Димов“ ќе може да добијат современ спортски објект каде што ќе може да се натпреваруваат во кошарка, во ракомет и во други спортови“, истакна Мицкоски.

Воедно порача дека како Влада, ќе продолжат да поддржуваат ваков тип на проекти затоа што, како што вели, иднината е во најмладите и иднината е во децата.

„Образованието на децата ни е најважно и така ќе се однесуваме во годините коишто следат“, додаде премиерот.