Мицкоски на отворањето на новиот Спортски комплекс во Лисиче: Да остане вечното памтење за Марко Божиновски!

-На покана на градоначалникот еве и јас сум денеска тука, да го отвориме овој Спортски центар. За жал некои работи во животот се случуваат и не можеме да се вратиме назад и да ги спречиме тие работи да се случат. Но, она што најмалку можеме да направиме е токму ова што денеска го правиме, порача денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на отворањето на нов спортски центар во Лисиче, кој ќе го носи името на Марко Божиновски, младиот ракометар кој почина оваа година. 

Мицкоски во изјавата за медиумите порача да остане вечното памтење и да  го користат младите во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќеи, како што рече, да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.

-А, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи бидејќи состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас, рече Мицкоски. 

Изградбата на објектот е овомозможена од страна на општината Аеродром.