Мицкоски: Мнозинството во Градот Скопје значи дека градот ќе оди напред, окрупнувањето ќе продолжи

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска во вестите на Сител телевизија, истакна дека мнозинството во Град Скопје значи дека ќе бидат реализирани проектите кои се планирани, а окрупнувањето на фронтот против власта ќе продолжи, а во недела граѓаните против оваа власт треба да ги казнат за нивните криминални однесувања, заканите, уцените и поткупот ќе се победат со масовна излезност.

-Ние веќе имаме мнозинство во Советот на Град Скопје, шестмина градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се избрани, тука е и професорката Котлар која е во вториот круг во општина Центар, го подржуваме Стевче Јакимовски во Карпош, така што очекуваме во Скопје бројката од коалицијата за „Обнова на Македонија“ да се затвори со седум градоначалници, плус независниот кандидат Данела Арсовска, вели Мицкоски.

Мицкоски истакна исто така дека се продолжува со позитивна кампања за да се рефлектираат позиции за иднината, проекти кои се планирани да се реализираат, се продолжува со обединување, како и се продолжува да се работи на окрупнуваме на фронтот против оваа власт на СДСМ и ДУИ.

-Ценат дека тоа наидува на одобрување на граѓаните, а граѓаните во недела масовно ќе излезат и ќе ја дадат својата поддршка за Данела Арсовска, и ја користам оваа прилика да ги повикам сите граѓани масовно да излезат во недела, свесен сум за сите предизвици со кои се соочуваат граѓаните особено онаму каде има втор круг, многу закани, уцени, обиди за поткуп, криминал, а сето тоа се победува со мобилизација и масовна излезност, а тоа во недела ќе се случи, појасни Мицкоски.