Мицкоски : Месецов ќе почнеме со интерните анкети за кандидатите за градоначалници

Премиерот Христијан Мицкоски кажа дека наскоро ќе ја започнат процедурата со интерните анкети за избор на можни кандидати за градоначалници за претстојните локални избори.

„Се уште не сме почнале со реализирање на анкетите. До сега траеше внатрешно партиската и внатрешно коалициската процедура за номинирање на личности. Како претседател на партијата и на Извршниот комитет, го задржуваме правото да предложиме имиња за кои мислиме дека треба да бидат дел од овој процес на анкетирање, надвор од списокот кој е доставен од општинските комитети“, изјави тој.

Прашан дали може да обелодени некои имиња, Мицкоски рече дека не може тоа да го направи во моментов.