Мицкоски кон банките: Со муабети и тапкање по рамо не се помага, треба да бидат општествено одговорни

Премиерот Христијан Мицкоски вели банките да бидат одговорни и да не наплаќаат дополнителни трошоци при издавањето на кредитите за парите од угарските 250 милиони евра. Тој вели дека банките имаат огромни профити, а со муабети и тапкање по рамо не се помога – треба да покажат одговорност во интерес на граѓаните.

До недела ќе се консултираат во рамки на Владата, а в недела напладне во просториите на министерството за финанасии според најавите ќе седнат на иста маса со банкарите и ќе разговараат. Освен оваа порака која ќе им биде пренесена на средбата, премирот и денеска вели имал уште нешто што сака лично да им го каже, па затоа барал да биде дел од разговорите, но што е тоа не откри.

„Суштината е дека ние кога го земавме кредиот заедно со банките работевме на случајот да тие не бараат дополнителни трошоци, бидејќи сите сте свесни и гледате како секоја недела, секоја банка, кажува профит во први 9 месеци 40 милиони евра, трета 50, чевтрта 65 милиона, се множат милиониве и ние мислевме дека тоа треба да е нешто што заеднички да го споделиме како ризик. Бидејќи секогаш кога ќе ме прашаат како премиере да помогнеме еве како вака, со муабети и тапкање по рамо не се помага еве ајде заедно со државата да го споделиме овој ризик и мислевме дека треба и тие да бидат општествено одогворни“, вели Мицкоски