Мицкоски ќе добие 1 евро - оштета од СДСМ

Основниот граѓански суд од Скопје пресудил во корист на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на тужбата која ја поднел против СДСМ.

Kако што стои во пресудата СДСМ го наклеветила Мицкоски кога на официјалната страница на социјалната мрежа Фејсбук пред пошираката јавност го навредила тужителот со изјавата „Антизападниот пион Христијан Мицкоски е продолжена рака на криминалецот Никола Груевски“.

За пресудата СДСМ треба да му плати на Мицкоски едно евро колку што барал како оштета, но и трошоците за постапката.

-И со вака исклучително заробено судство, со исклучително ниска доверба, вистината не може да се заобиколи, а лагите да бидат премолчени. Канонадата на клевети, лаги и измислици од СДСМ и останатите нивни јавни, полутајни и тајни партнери, доаѓа време да се разобличи. Инстант клеветите и невистинитите афери нема да им донесат кариера на инстант залутаните во политика. Ова значи дека сме на вистинскиот пат, се до конечна победа! Колку тие пониско удираат толку ние повисоко се креваме, напиша Мицкоски на на својот фејсбук профил.