Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заедно со првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, ја пречекаа Урсула фон дер Лајен во Скопје, во рамките на нејзината посета на Северна Македонија.

„Посетата претставува можност за зајакнување на дијалогот и соработката со Европската Унија, како и за унапредување на европската перспектива на земјата. Посветеноста на реформите и на конкретните чекори во процесот на европска интеграција останува приоритет, со цел остварување видливи придобивки за граѓаните“, соопштија од кабинетот на министерот за европски прашања.

По средбата помеѓу претседателката на Европската Комисија и премиерот Христијан Мицкоски предвидена е прес конференција.