Мицкоски и Муцунски промовираат проект за намалување на трошоците за електрична енергија во Аеродром

Изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, од Аеродром, ја пренесуваме во целост:

Генерално градоначалникот ги кажа техничките параметри на овој проект кој што ќе биде наскоро во функција овде во општина Аеродром.

Се надевам или да бидам попрецизен сигурен сум дека и другите општини ќе го следат овој пример и ќе инсталираат ваков тип би рекол алатки со кои драстично ќе ги намалат трошоците кои што општините ги имаат за електрична енергија.

А она кое што го слушам и кое што го добивам како информација од општините каде што се градоначалници избрани од ВМРО-ДПМНЕ буквално оставени се на милост и немилост од нивните претходници кога станува збор за сметките за електрична енергија, бидејќи тие на слободен пазар знаете се сеќавате оваа влада велеше дека е пионер, дека е брилијантна во либерализацијата на пазарот.

Но, еве сега се случи да покрај тоа што тупаници се делат по кафеани тука во Скопје, да практично сите овие трговци да ги раскинат еднострано договорите кои што ги имаат со општините и автоматски тие приоѓаат на снабдување кај универзалниот снабдувач ЕВН Хоум и цените се драматично високи, цените се практично за еден месец колку што до сега биле годишните сметки.

Така што ваков тип на инсталации можат само да ги намалат тие трошоци и да помогнат во обезбедувањето на струја на објектите кои што се од јавен интерес, училиштата, градинките итн.

Аеродром ќе биде и општина пионер за селекција на отпад поддржан од страна на Канцеларијата на Европската унија овде во Македонија и во период кој што следи ќе имаме уште проекти од ваков тип.

Така што продолжуваме да работиме, продолжуваме да го исполнуваме тоа што се обврзавме во време на кампањата на овие локални избори и сакаме да покажеме дека не се сите исти, дека ние работиме, а тие знаат само да лажат и крадат.