Премиерот Христијан Мицкоски преку објава на социјалните мрежи му честиташе матура на својот син, кој годинава го завршува средното образование.
Во емоционалната порака, тој го охрабри својот син за новото животно поглавје.
„Синко среќна матура и добредојде во новото поглавје преполно со предизвици. Секогаш со свои сили минувај низ сите препреки, нема да е лесно, ќе биде тешко, но сигурен сум дека ќе ги совладуваш. Од Октомври се гледаме на Машински“, напиша Мицкоски.
Од јавните функционери, и градоначаликот на скопската општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, има матурант во семејството. Имено, и тој на социјалните мрежи објави честитка по повод официјалниот крај на средното образование на својот син.
- Среќна матура синко, жив, здрав и успешен, напиша Стојкоски.