Мицкоски: Да ги задржиме луѓето со знаење и вештини дома и тука да ја развиваме Македонија

-Што направивме, што денеска се случува и што е она кое што ќе го направиме во периодот кој што следи бидејќи нова генерација политичари во Македонија, нова генерација на политичари во ВМРО-ДПМНЕ е честа, обврската и привилегијата е да го брани најмалиот народ на Балканот, а тоа е македонскиот народ. И тоа можеби е голем предизвик, но јас сум убеден дека сите ние можеме да одговориме на тој предизвик она како што знаеме и умееме, цврсто, храбро и мотивирано и да го одбраниме македонскиот народ, вели проф. д-р Христијан Мицкоски на денешниот Научен симпозиум 129 години ВМРО „БОРБА ЗА МАКЕДОНИЈА КОЈА ТРАЕ“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ. 

Мицкоски нагласи дека не се европски вредности она кое што денеска го промовираа владата на СДСМ, туку европски вредности се она кое што се промовира од ВМРО-ДПМНЕ а тоа е да се задржат младите во државата, да се развива Македонија економски силно и стабилно, да се создадеме конкурентно здравство.

-Покрај знаењето ние педагозите на факултетите, но и политичарите мораме да им обезбедиме иднина и перспектива во Македонија која што ќе се темели на вистински вредности, а не на оние лажни вредности кои што денеска владата на СДСМ ги промовира преку некаква си лажна ЕУ агенда и вредност, а притоа скандалите за криминал и корупција за сето она што е поврзано за работата на владата се нижат, за катастрофата во образованието, за пациенти кои што не добиваат здравствена грижа и умираат во ходниците, тоа не се ЕУ вредности во кои што ние веруваме и тоа не се европските вредности кои што ние треба да ги промовираме како политичари. И затоа кога велам дека одговорноста на ВМРО-ДПМЕН е голема, мислам на овие вистинските европски вредности, да ги задржиме младите тука, да ја развиеме државата економски и силно затоа што имаме план, имаме методологија, да направиме здравство кое што ќе биде конкурентно, а не да денеска докторите да ги полнат клиниките и здравствените установи по Америка, Канада и Австралија, да ги задржиме луѓето со знаење и вештини дома и тука да ја развиваме Македонија и ова нема етнички предзнак, туку има предзнак кој го дефинира македонизмот во кои што сите се опфатени, додаде тој.