Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на неговиот Фејсбук профил ја објави пресудата на Апелацискиот суд каде е донесена пресуда против СДСМ поради клевета кон него. Како што напиша Мицкоски во неговиот статус ова е доказ дека СДСМ е лажно клеветничка партија.
„И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија. По којзнае кој пат, откако сум Претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници. Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат“, напиша Мицкоски
Тој посочи дека пресудата е јасна и е клеветничка и дека СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои ги изнесуваат. Според Мицкоски ова е потврда дека неколкупати по ред тие ги губат судските случаи поради клевета и дека дури ни ваквото судство не може да ги „испере“.