Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Никола Мицевски на својот Фејсбук профил напиша дека за прв пат во Македонија се случува опозицијата да не сака да поставува пратенички прашања. Наместо тоа според Мицевски пратениците од опозицијата барале „пауза“
„Опозицијата не сака да поставува пратенички прашања! И ова се случи во Македонија!
Иако на денешната седница беа присутни претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и владините министри, кој што уредно чекаа да се отпочне со институтот "опозициони пратенички прашања", опозицијата избегнува и го троши времето предвидено за поставување на пратенички прашања, неколку пати барајќи ,,пауза".
За секојдневните "обвинувања" за разни отстапки на владата, ова претставуваше одлична можност за да се добијат одговори на сите прашања..
Но за жал, соочувајќи се со опозиција која има за цел да се спаси од одговорност, верувам дека ќе се изнагледаме вакви постапки и во иднина“, напиша Мицевски.