Македонската инфлуенсерка и екс-водителка Миа Костова денеска ги собра сите симпатии. Имено таа успеа за само 24 часа да собере 14.000 евра кои ќе бидат наменети за лекување на Никола од скопски Центар.
-Дечки, поместивме граници со желба за Никола да биде добар и да се опорави што побрзо! Над 200 мали бизниси донираа производи и услуги и над 200 луѓе донираа за Никола, а со тоа ги запаметија малите бизниси кои излегоа навистина големи луѓе. За 24 часа собравме околу 4000 евра. Крајно, добив анонимна донација од 10.000 евра, дамата која втор пат во живот ми покажува дека постојат луѓе на светов и сум и неизмерно благодарна! - сподели Миа на социјалните мрежи.
Таа се заблагодари на своите следбеници и фанови и на сите оние кои донираа.
Претходно, градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски ја донираше својата плата за лекување на ова момче кое е ученик во 4-то одделение во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Недостига уште мала сума за целосната донација.
Сите заинтересирани граѓани може да донираат на име на таткото на Никола.
Жиро-сметка за донации:
300007085791933
Илијан Трајковски Ул. Костурски Херои бр. 40/3-3
Комерцијална Банка