Миа Костова VS Фуркан Салиу - Знамето на гради…Вреди ли?

Екс-водителката и актуелна и популарна инфуенсерка Миа Костова му одговори на ставот на новинарот Фуркан Салиу, по повод актуелната политичка ситуација во земјава. 

-Си одам накај дома, во поштенско сандаче не ме чека неплатена сметка, сѐ ми е платено и не должам два денари никому. Стигам да платам све, кој и да е на власт, зошто потам газ, и давам сѐ од себе.Влагам дома, фрижидерот полн, не знам што попрво да јадам. И образот чист, и главата мирна и фрижидерот полн. И така со години… доаѓа дете ми бара пари. Му давам, работам и не зависам од никој, има многу желби па правам сѐ да му ги исполнам. Задоволна сум од себе ама не знам како да му објаснам дека не сме Бугари и дека јазикот што го зборуваме не е дијалект. Мајка му зборувала Македонски, Македонка е, секогаш ќе биде. Главата горе, очите вперени во таванот, знамето на гради…. Вреди ли?ВРЕДИ и те како вреди!

Македонија за мене, за него и за сѐ што доаѓа. Ништо друго не е опција!!! - напиша таа имитирајќи го неговиот стил на пишување во објавата на фејсбук.