Ми се чини дека морав да те љубам на безброј начини, безброј пати...

Ми се чини дека морав да те љубам на безброј начини, безброј пати,
Во животот по животот, во времето по времето, засекогаш.
Моето маѓепсано срце направи и одново создаде ланче од песни,
Прими го како подарок и носи го околу вратот на свои различни начини
Во животот по животот, во времето во времето, засекогаш.

Секогаш кога ќе ги чујам старите приказни за љубовта, тоа е болка стара со векови,
Таа стара приказна за раздвоеноста или за заедничкиот живот,
Како што секогаш одново гледам во минатото, на крајот секогаш ти се појавуваш,
Прекривка од сјајот на поларните ѕвезди кои сјаат низ темнината на времето:
Стануваш симбол на она што засекогаш се помни.

Ти и јас пловиме по оваа вода која доаѓа од изворот,
Срцето на времето на љубовта еден кон друг.
Игравме со милион други љубовници, делејќи ја истата
Срамежлива милост поради состаноците, истите потресни солзи на разделбата -
Стара љубов, но во обликот кој секогаш одново и одново се раѓа.

Денес таа сила е пред твоите нозе, пронаоѓајќи го својот крај во тебе,
Љубовта на човекот во сите времиња, минати времиња и вечности:
Универзалната среќа, универзалната тага, универзалниот живот.
Сеќавањето на две љубови кои се спојуваат со оваа наша љубов -
И песните на сите поети во сите минати времиња и вечности.

Тагоре