Ми кажаа дека е тешко да бидам сакана

Ми рекоа дека е тешко да ме сакаат.

Ми рекоа дека треба да бидам поинаква – домаќинка, мајка, среќна, посветена, вредна, умешна. 

Ги вагаа моите маани и предности, ми кажаа дека не е доволно тоа што го имам. Го вагаа и моето срце – колку можам да сакам, колку можам да издржам во себе. Ми кажаа колку убавина треба да имам на лицето, а колку интелект во себе.Колку од тоа е доволно за да бидам сакана.

Ми рекоа дека сум силна, но дека сум пресилна. Ми кажаа дека имам многу спомени, неколку непотребни брчки, чудни навики. 

Ми кажаа како треба да биде. Ги слушав. Еден по друг, различни луѓе, иста порака. 

Слушав и впивав сè што ми кажаа. Се трудев да се променам, но секој пат беше различен од претходниот.

Секој почеток беше бајка, секој крај – кратка тажна приказна. Сите ми беа драги. Ги разбирав.

На крајот научив  - не сум таа жена која сакаат да ја сакаат. Тие не се луѓето кои можат да ме сакаат.

Научив да се седам во тишина, да ги смирам своите мисли. Да се радувам на почетоци,  но и на краеви кои немаат потенцијал да бидат среќни приказни. Научив да не носам вина поради нив. 

Не е лесно да бидам сакана, но тоа е во ред.