
Денеска поради одржување на јавен настан со почеток од 18:00 часот од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, информираат од МВР.
Оттаму посочуваат дека настанот ќе почне со траса на движење од пред Фонтана Лотус-Градски парк, во продолжение по булеварот „Илинден“, лево по улицата „Франклин Рузвелт“, лево по булеварот „Партизански Одреди“, десно по улицата „Васил Главинов“, лево продолжува по улицата „Димитрие Чуповски“ и завршува парк Жена Борец на улицата „11-ти Октомври“.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
Под слоганот „Сите нека знаат“, денеска во во Скопје ќе се одржи Скопје Прајд 2026, настан посветен на човековите права, еднаквоста и достоинствениот живот на ЛГБТИК+ заедницата во земјава. Собирот на учесниците е закажан за 18 часот кај Фонтаната во Градскиот парк, додека протестниот марш ќе започне во 19 часот.