Метеоролозите најавуваат невреме со пороен дожд, грмежи и ветер над 90 км/ч

Времето претпладне и околу пладне во земјава ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, најпрво во северните, а во текот на денот и во останатите делови, особено вдолж Повардарието, што ќе услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот. Ветерот краткотрајно ќе достигнува брзина и над 90 км/час.

Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 24 до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје претпладне ќе има променлива облачност со повремен дожд и појава на грмежи. Ќе почне да дува силен северен ветер, кој ќе се задржи и во текот на денот. Утринската температура ќе спушти до 19, а дневната ќе достигне 26 степени.

Од среда следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра.