Метео анализа: Сува есен без многу врнежи – октомври ни носи многу сонце!

Денеска официјално, односно календарски, почнува есента, а според народните верувања ако на вчерашиот ден, Мала Богородица било суво и свежо, нѐ чека сува и свежа есен.

Очигледно, верувањата и науката во овој случај не се разминаа.

Имено, долгорочните прогнози покажуваат дека есента ќе ни биде топла и сува, и дека ќе личи на продолжено лето.

Според предвидувањата на еден од признатите метеоролошки сервиси „Акуведер“, цела Јужна Европа може да се надева на сува и топла есен.

Според прогнозата на овој веб-сајт, топлата есен ќе настапи како последица на антициклонот кој претежно ќе ја зафати областа на Средоземно Море. Високиот воздушен притисок ќе ги ограничува можните непогоди и невремиња на северот на регионот, па така жителите на јужните делови на Европа ќе уживаат во михољското лето за време на целата есен.

Есента која повеќе ќе личи на доцно лето, ќе го зафати поголемиот дел од Европа, а натпросечното топло време би можело да потрае сѐ до средината на октомври кога температурата ќе стане просечна за тоа годишно време.