Метео аларм од УХРМ за утре: Ветер со брзина од 60 километри на час

Управата за хидрометеолошки работи издаде метео аларт за утре - ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, кој наместа ќе достигнува брзина од 60 килеметри на час. 

Информираат дека утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во југоисточните делови ќе има услови за краткотраен локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од северен правец.