Металург ја продолжи серијата победи во плеј-офот

Ракометарите на Металург ја остварија и петтата победа во плејофот откако во 5.то коло на домашен терен го совладаа Еурофарм Работник со 33:27 (14:11).

Со овој триумф, Металург се зацврсти на првото место на табелата со 15 бодови. Најефикасен на дуелот беше играчот на Е.Работник, Филип Чурлевски со 8 голови, додека кај Металург, Немања Обрадовиќ беше стрелец на 6 голови.

Вториот натпревар од оваа рунда се игра утре меѓу Пелистер и Охрид, додека дуелот меѓу шампион Вардар и Борец е закажан за 9 мај.

Табела: Металург 15 бодови (5 натпревари), Вардар 9 (4), Еурофарм Работник 6 (5), Охрид 6 (4), Пелистер 3 (4), Борец 0 (4).