Метаболизмот се забавува дури по 60-тата година, покажува најново истражување

Не сте во право доколку целата вина за вишокот килограми ја префрлате на бавниот метаболизам. Се до 60 години вашиот метаболизам е ист како и на 20 години, потврдија резултатите од едно ново меѓународно истражување.

Меѓународен тим на истражувачи анализираа бројни параметри кај 6.400 луѓе на возраст од 8 до 95 години од земји ширум светот.

Тие тврдат дека метаболизмот останува ист во текот на средните години.

Врвот се достигнува до првата година, а од 20-60 години метаболизмот се одржува на исто стабилно ниво. Реномираните истражувачи тврдат дека нема промена во интензитетот на метаболичките процеси ни при менопаузата кај жените.

-Луѓето често велат дека по триесетите метаболизмот на организмот се забавува, но ние не пронајдовме докази за тоа, тврди водечкиот истражувач.

Од првата до дваесетата година метаболизмот благо се забавува, но од 20 – 60 е на исто ниво. По шетата деценија па до крајот на животот метаболизмот забележително се забавува, а до деветата деценија е намален за околу 26% за разлика од средината на животниот век.

Не постои ништо пофундаментално од тоа како нашето тело ја согорува енергијата бидејќи тоа покажува колку сите наши клетки се активни при обработката на разни процеси и тоа влијае на метаболизмот, се наведува во истражувањето.