Метаболизмот не е главниот виновник за дебелеење

Веројатно веќе сте чуле или прочитале дека луѓето неизбежно се дебелеат кога ќе му се приближат на четириесеттиот роденден, а дека главниот виновник за тоа е метаболизмот.

Во втората половина од животот, метаболизмот забавува, но стапката на тоа забавување е многу мала. Некои истражувања велат дека дури и минимална. Ако немате сериозно метаболичко нарушување, тогаш метаболизмот не е виновен што се дебелеете.

Метаболизмот има различни фази

Метаболизмот во мирување е тоа колку енергија троши нашето тола кога во недела наутро лежиме на каучот. Зависи од комбинација на неколку фактори, на пример, од висината, од полот, гените и тука ништо не може да се промени.

Покрај тоа, постојат уште три фази на метаболизмот. Обично се вели дека метаболизмот го одредува храната што ја јадеме и нејзиниот вид и начинот на движење.

Првата фаза е метаболизмот за време на оброкот. Откриено е дека додека џвакаме, голтаме и вариме, согоруваме и мала количина на калории (околу 10% од дневната вредност). Тоа се вика топлотен ефект на храната. Овој процес може да се забрза со пиење кафе или зелен чај, или со земање многу протеини со чили пиперчиња. Меѓутоа, немојте да се надевате дека ќе изгубите килограми на овој начин. Храната што го забрзува метаболизмот не може да ви помогне да изгубите килограми.

Втората фаза на метаболизмот е онаа што се случува за време на движење и таа согорува најмногу калории. Секое движење вреди: качување по скали, одење низ канцеларија, спорт што прави да се потите како да сте во сауна – сето тоа ја сочинува втората фаза на метаболизмот.

Третата фаза на метаболизмот е онаа кога мируваме, а калориите и понатаму се согоруваат. На пример, лежењето на кауч после тренинг е поефикасно од претходно. Тоа се нарекува „кислороден долг“ – оптоварувањето е завршено, а кислородот во телото продолжува да согорува калории.

Па така, ако сакате да ослабите, важни се само овие последни две фази на метаболизмот.