Место велосипедски патеки, кај Железен мост помеѓу населбите Гоце Делчев и Јурумлери никнуваат дивоградби

Диво изградени објекти никнуваат по насипот на река Вардар кај Железниот мост помеѓу населбите Гоце Делчев и Јурумлери. Покрај узурпација на земјиштето, сопствениците на дивите градби нелегално се поврзуваат на електричната мрежа со поставување на водови кои ги закачуваат на околните дрвја што преставува потенцијална опасност по безбедноста на луѓето што се движат, пренесува Вечер.

За таа цел, жители од населените места долж регионалниот пат Р-103 од регионот на Синѓелиќ до ‘Ржаничино, ги повикуваат надлежните по итно да преземат мерки за спречување на оваа појава која може да има далекусежни последици.

– Станува збор за дивоградби што ги градат лица од ромско и албанско население. Електричната енергија за дивоградбите ја влечат дури од Ранжирна станица -Трубарево и електричните кабли ги закачуваат на багреми. За оваа појава писмено ги известивме во Град Скопје и во општина Гази Баба кои се надлежни веднаш да преземат мерки. Зарем треба некој да загине за да надлежните институции го решат проблемот кој може да опфати поголеми размери. Дотолку повеќе што покрај насипот кој треба да биде место за рекреација, има повеќе диви депонии. На некои места насипот кој од Сарај до село Огненци – општина Петровец е изграден да заштити од излевање на Вардар, го нема бидејќи е уништен од камионите што носат песок од сепарациите. Не сакам да помислам што ќе се случи со населените места долж реката ако Вардар надојде – вели Трајче Георгиевски од иницијативниот одбор од погоре посочените населени места.

Тие сметаат дека изградба на велосипедска патека по насипот би била решение за нелегалните узурпации.

– Уредувањето на кејот на Вардар од мостот Близнак до Железен мост кај населбите Гоце Делчев и Јурумлери е барано и порано, но, за жал, ништо не е преземено од страна на надлежните. На насипот има услови да се направи пешачка и велосипедска патека која би ја користеле и инвалидизирани лица бидејќи ќе нема допир со возила. Станува збор за безбедно, еколошко, спортско и рекреативно решение. Ако се направи патеката која е со должина од 9 километри, ќе можат да ја користат сите љубители на велосипедизмот, бидејќи ќе биде продолжение на вело-патеката која веќе е направена до мостот Близнак кај Ново Лисиче. Така, оние кои ќе сакаат со велосипед да одат до Катланово, ќе можат да ја користат патеката по насипот, наместо да се изложуваат на опасност да бидат прегазени од возилата по регионалниот пат Р-103 од Маџари до Катланово, кој уште е познат како “улица на смртта” – нагласува Георгиевски.

Тој вели дека од Агенцијата ја млади и спорт ја поддржуваат оваа нивна иницијатива. Оттаму ги поттикнуваат кон натамошни активности, преку поширока координација со советите на општините и на Град Скопје, да ја вклопат оваа иницијатива во нивните годишни програми за реализација.

nike air max 1 sale