Место и за Македонците: Австрија во периодот што следува ќе одобри околу 2.500 работни визи за работници од сите земји во Европа

Австрија во периодот што следува ќе одобри околу 2.500 работни визи за работници од сите земји во Европа, пишуваат медиумите во регионот.

Ова претставува одлична вест за луѓето од земјите кои не припаѓаат на ЕУ семејството затоа што им се отвора простор за вработување во една од најбрзорастечките економии во Европа.

Земјата е атрактивна за вработување поради големата понуда на работни места.

Постои висока побарувачка за најразлични видови на професии, меѓу кои се келнери, готвачи, помошници во кујна, собарки, чистачки, рецепционери и слично. Потребата за овие работници е најголема во два годишни периоди, и тоа: од ноември до март во западните региони на Австрија каде што се одржуваат зимските спортови; и од мај до октомври во сите туристички региони во Австрија. Потребното ниво на познавање на германскиот јазик варира во зависност од позицијата.

Австрија спаѓа во земјите со релативно ниска стапка на невработеност. Населението кое е невработено, а притоа активно бара работа изнесува 5.3 проценти од вкупното работоспособно население. Стапката на невработеност кај населението со австриско државјанство изнесува 4.9 проценти, додека пак невработеноста кај жителите со неавстриско државјансто е малку поголема и изнесува 9.9 проценти.