Места за викенд рекреација во Скопје за летните денови (фото)

Доколку барате место каде ќе можете да избегате од секојдневието и да се опуштите и релаксирате со своите најмили, ние ви даваме неколку предлог места во околината на Скопје. Децата ќе бидат задоволни, а вие ќе се одморите од секојдневните обврски.

Кањон Матка

Признаено едно од најубавите природни опркужувања во овој дел од Европа на самиот излез од Скопје, во Општина Сарај. Вештачкото езеро и самиот кањон нудат едно извонредно искуство. Неколку ресторани кои служат традиционални специјалитети, но и пешачки патеки низ недопрената природа. Можност за изнајмување на кајак со кој можете да го истражите езерото и да посетите преубави изолирани места. За време на викендите огромната посетеност на домашни и странски туристи е доказ за извонредната убавина која се крие веднаш штом излезете од урбаната џунгла на градот.

Зоолошката градина

Таа секогаш е одличен избор, ако сакате да се прошетате со своите најмили. Децата секогаш уживаат додека ги гледаат животните, а секако тоа е и едно едукативно место за нив, каде ќе можат да научат по нешто ново за секое животно. За брзо време таму се очекува да пристигнат и нови животни, особено слонот кој ќе биде вистинска атракција за децата.

Градскиот парк

Паркот е омиленото место на скопјани за прошетка, спорт и рекреација, исто така и на децата.  Речиси секој викенд на популарната „школка“ се одржуваат различни хепенинзи. Сепак се работи за исклучително мирно место каде можете да прочитате некоја книга, уживајќи во црцорењето на птиците, и уживање во глетката додека вашето дете вози велосипед или ужива во природата.

Водно

Чист воздух, а жичницата вистинско задоволство за децата. Исто така има и убаво игралиште со маси околу него. Има голем парк во близина на крстот, каде што има уште едно игралиште. По толку многу забава може да ги убеди вашите деца да пешачите надолу.

Аква-парк „Борис Трајковски“

Во аква-паркот во склоп на Арената „Борис Трајковски“ има забава за целото семејство и уживање во жешките денови кои ни претстојат. Опремен со голем број содржини, примарно наменет за млади, безбеден по сите светски стандарди, подготвен да прими околу 1 400 гости. Билетот за влез за возрасни чини 300 денари, а предвиден е попуст за поголеми групи.Лоциран на само 10тина минути од центарот на Скопје и лесно пристапен без разлика на тоа од кој дел од градот доаѓате.