Меша Селимовиќ: Доцна е, сеќавања мои, залудно се јавувате...

Прими ја Боже оваа молитва за мојата немоќ, одземи ми ја силата и желбата да излезам од оваа тишина, врати ми го мирот. Мислев дека меѓу нив постои нешто, некогаш постоеше и една река и магла во нејзините зајдисонца и сончев блесок во нејзините широчини, постои и сега во мене, мислев дека сум заборавил, но изгледа дека ништо не се заборава, сѐ се враќа од заклучените катанци, од мракот на заборавот. И наше е сѐ што сме мислеле дека не е повеќе наше и дека не ни треба, а стои пред нас, блеска со своето поранешно постоење, потсетувајќи нѐ и ранувајќи нѐ. И блеска поради предавството.

Доцна е, сеќавања мои, залудно се јавувате, бескорисни се вашите немоќни утехи и потсетувања на она што можело да биде, затоа што она што не било, не ни можело некогаш да биде. А она што не се остварило секогаш изгледа убаво. Вие сте измамата која раѓа незадоволство, измама која не можам и не сакам да ја избркам, затоа што ме разоружува и со тивка тага ме штити од страдање. Живееме на земјата само еден ден или и помалку од тоа. Дај ми сила да простам. Затоа што кој простува, тој е најголем. А знам дека не можам да заборавам.

~ Меша Селимовиќ