Октомври ќе биде месец на трансформација.
Љубов
Септември ви носи неочекувани ситуации во вашиот љубовен живот. Во текот на септември, Сонцето се придвижи во Вага, а вашиот фокус е сега насочен кон љубовта. Уживате во мирни ноќи со своите сакани. На 2 октомври, нèочекува соларната еклипса во вашата седма куќа на партнерства. Вообичаено, ваквите транзити се поврзани со нови почетоци, па можно е да влезе нова личност во вашиот живот во овој период.
Стабилноста на Вагата, чија сезона трае поголемиот дел од октомври, ќе ви помогне да се движите низ емотивните подеми и падови. Време е за интроспекција и подлабоко разбирање на чувствата. Транспарентно изразување на вашите емоции ќе ве доведе до заздравување и раст. Практикувајте активности кои ја негуваат вашата душа и поттикнуваат свесност и останете поврзани со луѓе кои ви даваат поддршка кои можат да ви пружат удобност и мудрост.
Во партнерските односи клучни се рамнотежата и хармонијата - присуството на Вага укажува на мирна и кооперативна средина. Отворено комуницирајте со вашата сакана за да ги решите сите проблеми што ќе се појават. Сочувството и разбирањето ќе ги зајакнат односите. Поминете квалитетно време со семејството и пријателите, бидејќи тие моменти ќе ви донесат голема радост и задоволство. Блиските луѓе можат многу пријатно да ве изненадат.
На 26 октомври, астероидот Веста влегува во вашата седма куќа. Немојте да бидете изненадени ако во овој период, работите станат поинтензивни и подлабоки во љубовта. Само препуштете се, без многу размислување.
Работа
Поволната комбинација на околности во октомври би можела да ви овозможи одлични можности за напредување во кариерата. Тоа може да биде цела низа можности за промена на работните места, или промена на начинот на водење бизнис. Можни се и профитабилни службени патувања. Напорната работа за да ги постигнете вашите цели и смелоста во пристапот кон професионалните активности и преземањето лидерски улоги ви го отвораат патот до успехот. Соработката може да доведе до значајни пресвртници - останете отворени за нови идеи и искористете ги предностите на вмрежувањето и воспоставувањето деловни контакти и врски. Имате доверба во вашите инстинкти, но останувате практични во вашиот пристап.
На 9 октомври, планетата на среќата, Јупитер почнува да се движи ретроградно во вашата трета куќа на комуникација. Вие вообичаено зборувате без да размислувате многу, но за време на овој транзит ќе бидете поттикнати да го промените својот начин на комуникација.
Околу 11 октомври, кога Плутон почнува да се движи директно во вашата десетта куќа на социјален статус, ве очекуваат убави вести на работното место. Заокружете го овој датум во вашиот календар. Два дена подоцна, на 13 октомври, Меркур влегува во вашата осма интензивна куќа. Како резултат на тоа, ќе се соочите со силни емоции, па затоа треба да се потрудите да останете смирени на работното место. Кога Сонцето ќе влезе во Шкорпија на 22 октомври, ова за вас е период на трансформација. Подгответе се за овој период кој е пред нас.
Здравје
Прашањето за благосостојба зазема централно место, со исцелителската позиција на Хирион - може да се појават мали здравствени проблеми, но со брза реакција и грижа за себе, лесно ќе ги надминете. Вклучете редовно вежбање и урамнотежена исхрана во вашата рутина. За ментална јасност и емоционална стабилност, вклучете техники за релаксација - слушајте го вашето тело и вашите чувства, бидејќи тие се суштински поврзани, и дајте си го она што ви треба, вклучувајќи одмор и излез за емоции, за да ја зголемите виталноста.