Месечен хороскоп за октомври 2022: Водолија

Октомври ви носи големи промени, особено во вториот дел од месецот.

За некои Водолии доаѓа и голема кариерна промена која ќе донесе нова енергија во нивниот живот. 

Работа

Овој месец може неочекувано да ви ги отежни преговорите околу еден нов проект кој планирате наскоро да го почнете. Ќе биде од голема важност да бидете отворени и подготвени за компромиси, доколку сакате да добиете поддршка од другите. Ќе ви се понуди можност и да ја подобрите соработката со партнери од странство и да потпишете голем договор кој има потенцијал да донесе големи промени во вашиот живот. 

Работните задачи ќе ги вршите прецизно и ефикасно, а тоа ќе ви помогне да ја зацврстите својата позиција и да ја престигнете конкуренцијата, но и да се докажете пред своите надредени. 

Октомври почнува со опозицијата на Јупитер и Венера и можноста да ја проширите својата мрежа на контакти. Време е да го споделите она што го имате на ум и да најдете тим на луѓе со кои можете интелектуално да се поврзете. 

На почетокот на месецот, на 2 октомври завршува ретроградниот Меркур кој ви носи полесна комуникација и разбирање со вашите колеги и соработници. Ако претходно се соочувавте со доцнења и проблеми со технологијата, тоа сега е зад вас. 

Втора планета која ќе го заврши своето ретроградно патување во октомври е Плутон. Таа во изминатиот период ве поттикна да размислите за тоа како штедите и колку трошите, па така сега ќе можете да ги примените научените лекции и да изградите нов пристап кон финансиите. Изградете здрави навики на трошење и иако не мора секогаш да чувате за црни денови, сепак трудете се да штедите за подобри денови. 

Следниот ден, на 9 октомври ни доаѓа полната Месечина во Овен која може да ви донесе крај на некој конфликт со колега или пак недоразбирање кое постоело во изминатиот период. Полните Месечини вообичаено комплетираат некаков циклус, па по оваа дата ќе се чувствувате како да сте завршиле голема работа и ќе бидете подготвени за нови почетоци.

Трета планета која го завршува своето ретроградно патување во октомври е одговорниот Сатурн кој ќе ве поттикне да погледнете во себе и да најдете време за одмор. Вие сте уникатна личност, па така кога оваа планета ќе тргне во директен од во вашиот знак, тоа ве повикува да отидете на масажа, да си купите нешто убаво или едноставно да се опуштите во својот дом. 

Соларната еклипса на 25 октомври може да ве поттикне да тргнете на кариерен пат кој не сте го ни замислувале за себе, а кој може да биде прилично успешен за вас. Ова е транзит кој за некои Водолии конечно ја носи кариерата која ја посакуваат. 

Со ретроградниот Јупитер во вашата втора куќа на финансии и луксуз, на 29 октомври ќе имате можности да ја зголемите заработката и да си заминете со награда. Ако играте игри на среќа, ова е одличен период за вас. 

Љубов

Ако имавте тешки моменти на полето на љубовта во текот на изминатиот период, крајот на ретроградниот Меркур на 2 октомври ви носи можности да се ослободите од тешките искуства и да продолжите напред кон градење интимност и зближување со саканата личност или пак друга личност која ви се допаѓа, а на која треба да и ги покажете своите чувства. Но, не се плашете од тоа, драги Водолии, бидејќи другите не можат да ви ги читаат мислите. 

Почетокот на сезоната на Шкорпиите може да ви донесе потреба да бидете посериозни на ова поле. 

Соларната еклипса на 25 октомври е во знакот Шкорпија, а вам тоа ви значи големо внимание од другите. Овој период ќе биде забавен за вас, па можно е да запознаете нови луѓе, а со некоја од нив ќе посакате и да се поврзете посилно. 

Марс почнува да се движи ретроградно на 30 октомври, а вам ќе ве повика да не се расправате со саканата личност, туку да поминете заедничко време во одмор и уживање. Најдете начин заедно да се ослободите од стресот и не се препуштајте на драмите. 

Ако сте во врска, во вас ќе се разбуди потреба за романтични моменти со саканата личност. Тоа ќе донесе една убава енергија во љубовниот однос во кој и двајцата ќе уживате. Ќе работите на заедничките цели и ќе споделувате тајни и важни детали што значително ќе ја зацврсти врската. Некои Водолии ќе се решат за викенд патување на некоја убава туристичка дестинација.

Слободните Водолии ќе прават план како да ја освојат личноста која им се допаѓа. Можен е и контакт со личност од вашето минато која ќе посака да ја обновите врската. Ќе се чувствувате како да сте притиснати пред голема одлука и нема да можете брзо да донесете одлука.

Здравје  

Потребно е повеќе да се движите.