Месечен хороскоп за октомври 2022: Риби

Овој месец ве очекуваат многу интересни ситуации, па затоа држете се цврсто. 

Работа

Во текот на овој месец, на работните обврски ќе им пристапувате со подобро чувство на организираност, а со колегите и соработниците ќе бидете љубезни и ќе умеете да се прилагодувате на различни ситуации и околности. Обрнете повеќе внимание на планирањето и организацијата на работата, бидејќи тоа е клучот за успех во текот на овој месец за вас. 

Можни се одредени доцнења со роковите кои нема секогаш да зависат од вас, но тоа би можело неповолно да се одрази на вашиот успех и финансиска ситуација. Лесно ќе се изборите со ваквите ситуации, но не се плашете да побарате поддршка ако не можете сè да постигнете сами.

Рибите ќе бидат успешни во текот на целиот месец, особено на полето на трговијата и комуникацијата. 

На 1 октомври, со опозицијата на Јупитер и Венера во вашата куќа на финансии, ќе бидете решени да тргнете кон поголем финансиски раст и ќе бидете успешни во тоа. Ако чекавте совршен момент да купите нешто поголемо или пак да се изборите за покачување на платата, ова е вистинскиот момент за тоа. 

На 2 октомври завршува ретроградниот Меркур и по долг застој ви носи можност да продолжите онаму каде сте застанале во септември. Можно е да изберете различни начини на завршување на работите, но тоа не е ништо лошо. Напротив, работите се менуваат за добро за вас и ви носат поголема продуктивност и ефикасност. 

Полната Месечина на 9 октомври ви носи чувство на стабилност и зголемена самодоверба. Ќе имате ум што размислува 24/7 и ќе успевате да постигнете што и да замислите. 

До 23 октомври, Венера влегува во Шкорпија и ви носи мудрост на ова поле. Ќе преземате големи чекори, ќе ги здружувате силите со важни личности, а можно е и службено патување во овој период. Имате голема поддршка од универзумот, па затоа нема никаква потреба за грижа. 

Со ретроградниот Јупитер во вашиот знак на 28 октомври ќе се свртите кон себеси и ќе се обидете да го измерите својот внатрешен раст, а тоа ќе ви донесе мала возбуда и чувство на гордост. 

На 30 октомври, Марс влегува во  Близнаци и ви носи мала агресија во односите со другите луѓе околу вас. 

Љубов

Почетокот на месецот, со крајот на ретроградниот Меркур на 2 октомври ви носи можност да донесете подобри одлуки и да ги надминете конфликтите кои се јавија во изминатиот период. Пристапете им на чувствителните теми со внимателност и ќе можете да постигнете што и да посакате и да бидете задоволни. 

Плутон е уште една планета која го завршува своето ретроградно патување овој месец и тоа на 8 октомври, а тоа ви носи можност да го добиете она што го сакате. 

Полната Месечина на 9 октомври е во Овен и ви носи кулминација, но и изобилство од љубов. 

На 22 октомври, Сатурн влегува во Водолија и го менува вашиот пристап, што ви носи можност да најдете среќа во малите нешта. Само бидете внимателни околу сезоната на Шкорпиите која почнува на 23 октомври и ви носи потешки емоции.

Ако сте во врска, можни се несогласувања и недоразбирања со саканата личност. Тоа највеќе ќе се одрази на вашите заеднички цели, во што нема секогаш да се сложувате. Средината на месецот ви носи поголема можност да се зближите со саканата личност благодарение на вашата искреност и отвореност за ја зацврстите врската. Би ви годело заедничко патување.

Ако сте слободни, може да дојде до непланирана средба со личност која ви се допаѓала во минатото. Можно е да бидете несигурни околу неа, особено ако зборува едно, а прави друго, но не анализирајте премногу, туку оставете ги работите да се одвиваат сами од себе. 

Здравје

Чувајте го своето здравје овој месец и посетете доктор, ако почувствувате било какви симптоми.