Месечен хороскоп за октомври 2022: Јарец

Вие ја обожавате есента, а таа ви носи многу новини и успеси.

Подгответе се да ги соберете сите плодови од вашата напорна работа. 

Работа

Јарците ќе бидат прилагодливи во работните преговори, со што ќе покажувате повеќе љубезност, а тоа ќе им се допадне на вашите соработници. Тоа ќе ви помогне да надминете одредени тешкотии на ова поле и да постигнете поголем успех од очекуваното. Потребно е само да се ослободите од непотребниот хаос во вашата канцеларија и сето она што ви претставува вишок во вашиот работен простор. Тоа ќе ви донесе убава и свежа нова енергија. 

До средината на месецот ќе успеете да ја подобрите соработката и да добиете некаква позиција на координатор во тимската работа. Важно е да бидете систематични во својот настап пред другите,  а најголем успех ве очекува во областите трговија и менаџмент. 

Во текот на октомври ќе се потсетите зошто работите толку вредно и посветено. Вашиот хороскоп почнува со опозицијата на Венера и Јупитер што ќе ви донесе награди на работното место, но и некаква прослава во домот. Ќе бидете ценети и славени за она што сте, со наздравување за сето она што доаѓа. 

Понекогаш, Јарците се премногу критични кон другите. Но, со крајот на сезоната на ретроградниот Плутон на 8 октомври, ќе успеете да ја фокусирате енергијата кон себеси, односно кон исполнување на своите цели и мечти, наместо да им посочувате на другите каде згрешиле. Овој транзит ви носи и важна реализација кои сте и каква е вашата одговорност кон другите луѓе. 

На 23 октомври со влезот на Венера во Вага во вашата единаесетта зона на заедништво, ќе успеете да се поврзете со луѓе кои се надвор од вашиот круг и да остварите значајна соработка. Два дена подоцна, со соларната еклипса во истиот знак, ќе бидете привлечени да поминувате време со луѓе чие друштво највеќе ви одговара, а тоа ќе ви донесе и големи идеи за големи нешта. Иднината ви е светла со овие луѓе. 

Вашата планета Сатурн беше ретроградна од јуни, а тоа ве поттикна да размислувате за балансот меѓу личниот живот и кариерата. Сите имаме различни потреби зависно од различните ситуации, но никој од нас не заслужува да работи без соодветна компензација. Сега кога Сатурн е директен, од 22 октомври ќе успеете да побарате нова работа или пак да се изборите за подобар статус на тековното работно место,но и да покажете флексибилност во тимот. Важно е и да не го занемарите своето ментално здравје и да си дадете оддишка со активности кои ќе ви помогнат да се одморите, тогаш кога сте преморени. Сосема е во ред да сте горди на својата работа, впрочем и треба да бидете, но не заборавајте на одморот. 

Почетокот на сезоната на ретроградниот Марс на 30 октомври ви носи потреба да успорите и да се одморите од напорната работа. 

Љубов

Минатиот месец почувствувавте силен поттик да се поврзете емотивно со оние луѓе кои ви значат, но сега благодарение на крајот на ретроградниот Меркур, по 2 октомври ќе ви биде многу полесно да комуницирате и да се поврзете со другите. Ќе успевате да ги најдете вистинските зборови за да ги покажете своите чувства и ќе увидите дека колку посреќни сте, толку сте генерално позадоволни од животот и не наоѓаат мали маани во работите и луѓето околу вас. 

Полната Месечина на 9 октомври го насочува вашето внимание кон вашиот домашен и љубовен живот, што значи дека ќе посакате да сте во прегратките на саканата личност, далеку од сите други. 

За вас, почетокот на сезоната на Шкорпиите не ве насочува кон љубовта, туку повеќе кон вашето друштво на пријатели, но тоа не значи дека не ве очекува љубов во овој период. Слободните претставници на овој знак би можеле да се заљубат во личност што ќе ја сретнат преку пријател. 

Само бидете внимателни околу 25 октомври, држете се настрана од големи забави и алкохол, бидејќи соларните еклипси знаат да донесат параноја, драма и тензии. 

Ако сте во врска, овој месец носи важни разговори за некои работи за кои сте молчеле досега и кои не сте посакале да ги споделите со никого. Вашиот партнер нема секогаш да има умешност целосно да ве разбере, па затоа потрудете се да бидете целосно искрени и отворени. Во вториот дел од месецот ве очекува зголемен интерес за заеднички активности. 

Ако сте слободни, веќе некое време ви се допаѓа една личност која на вас има оставено силен впечаток. Пробувате да и се приближите и да испланирате заедничко излегување, но мислите дека ви оди тешко. За некои Јарци, неочекувано доаѓа до голема изјава на љубов. Тоа е личност која не е среќна во својата врска и која ќе ви понуди тајна врска. Можно е да прифатите ако таа личност многу ви се допаѓа, но треба да внимавате што ваквата ситуација носи за вас. 

Здравје 

Ќе бидете чувствителни на есенското време, а можни се и настинки и вирусни инфекции.