Месечен хороскоп за октомври 2020: Водолија

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Водете сметка за својот пристап и зборовите кои ги упатувате кон колегите и соработниците. Многу веројатно е дека во некои ситуации ќе оставате погрешен впечаток особено пред оние кои не ве познаваат.Анализирајте ја својата позиција, поставете ги своите приоритети и организирајте се добро. Ако знаете што сакате, лесно ќе најдете начин како да го постигнете тоа.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи имате тенденција да бидете остри, нетрпеливи и саркастични, а на саканата личност тоа нема да и се допаѓа и можно е да се постави грубо кон вас. Иако сте на различна бранова должина, потрудете се да бидете отворени еден кон друг и да го зачувате тоа што го имате во врската. Уверете ја саканата личност дека вашите чувства не се сменети. 

Ако сте слободни: Слободните Водолии  би можеле да се најдат во ситуација за да ги задржат своите одбранбени ѕидови и да се соочат со стравот од тоа да се отворат кон другата личност. Не ги спречувајте другите да ви се приближат, особено оние кои ви делуваат дека имаат искрени намери. Бидете внимателни, но не и целосно затворени.

Здравје

Можни се проблеми со грбот и вратот.