Месечен хороскоп за октомври 2020: Вага

Прочитајте што ви носат ѕвездите овој месец.

Работа

Блиску сте до исполнување на своите цели, но постојат многу барања и ситници на кои треба да внимавате и тоа ви го одзема фокусот. Промените кои се наметнуваат претставуваат отскочна даска за многу убави промени кои ве очекуваат, па затоа не се плашете од тоа. Имате поддршка од планетарната енергија, па можен е финансиски прилив кој не го очекувате. Немате потреба никаде да брзате со своите одлуки, делувајте како што сметате дека треба во секоја ситуација.

Љубов

Ако сте во врска: Во партнерските односи ќе бидете тактични и трпеливи, ќе бидете опуштени со саканата личност и добро ќе се запознавате. Ако имате барања или примедби, потрудете се да ги адресирате на соодветен начин и да не создавате тензија во врската. Потсетете се на тоа што ви е важно во врската и фокусирајте се на тоа. 

Ако сте слободни: Слободните Ваги  ќе бидат многу харизматични и ќе шират одлична енергија околу себе. Сепак, ќе ви биде тешко да ги пуштите другите блиску до себе и да ги покажете своите чувства. Бидете љубезни и одете чекор по чекор, нема зошто да се плашите. 

Здравје

Потребен ви е одмор, можен е пад на имунитетот и стрес.